Порталот „Курир“ од денеска има уште еден сопственик, а тоа е фирмата „Адинамик медиа“ која минатата недела влезе во сопствеништвото и на порталот „Република“. Промената денеска беше објавена на сајтот на Централниот регистар, објави порталот Призма.
Покрај новата фирма таму сѐ уште како косопственик се јавува и Саше Стојановски.
Тој во 2015 го презема „Курир“ од Ацо Мисајловски, брат на Владо Мисајловски, тогашен министер за транспорт и врски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Седиштето на новата фирма „Адинамик медиа“, чијa газдарица е Унгарка, според податоците од Централниот регистар, се наоѓа на истата адреса со телевизијата Нова на бизнисменот Сеад Кочан, на булеварот Киро Глигоров 4.