Успеаја да ни ја вметнат бинарната исклучителна импликација. Ако си за законот – ти си за Албанците и соживот. Ако си против законот – ти си против Албанците и соживотот. За жал, многу малку се тие Албанци кои се против законот од политички и правни разлози, како што се малку и оние Македонци кои се за законот од политички и правни разлози.
Често дискусиите по социјалните мрежи завршуваат со прашањето/исказот: „Ова е наша држава“ или „Ова е и наша држава“. Не сакам да навлегувам во импликациите на овие два искази кои онтолошки се разидуваат меѓу себе и аналитички не носат до различни места и политички позиции. Меѓутоа мора да сме свесни и да знаеме дека:
1.Македонците и Албанците се одамна поделени и не комуницираат, освен тогаш кога партиите ќе посакаат да комуницираат преку етничко-политичкиот субјективитет како Албанци и како Македонци. Односно, пократко: како ќе каже политиката и медиумите, тоа ние ќо прифатиме како вистина.
2. Македонците и Албанците, одамна и на партиско ниво се поделени. ВМРО си ги имаше општините кадешто мнозинството од населението се Македонци, ДУИ си ги има(ше) општините кадешто мнозинството од населението се Албанци. И едните и другите преку државните институции и неформалните гангстерски орди ги тероризираа и млатат, граѓааните и малите стопанственици. РЕКEТОТ и тендерите се тие коишто ги спојуваат и двете партии. Од неодамна гледаме дека СДСМ игра по истите ноти користејќи ги сите механизми за приватизации на државата и јавните услуги.
3. Сведочиме дека механизмите на владеење во Македонија ги усвојува секоја квази-револуционерна или конзервативна партија и со истите си манупулира како сите претходници нивни. Ако во 2014 година СДСМ се бунеше на кршењето на доловник на Собранието. Во 2018 година ВМРО се буни за кршење на деловник на Собранието. Чаре?
Нема чаре. Прв пат во животот почнувам да сметам дека народот си ја бира власта по сопствена мера, по мера на своите навики, по мера на својата интелигенција, по мера на својата култура, по мера на своите визии. Ставот не е прогресивен, ама јебига, и реалитетот не е многу прогресивен.
4. Во период на ваква етно-кратија, плутократија, олигархија, партократија итн., ние не смогнуваме храброст и сили, најмалку нашите фејсбук профили да бидат преплавени со судбините на работниците на ИГМ – Кавадарци, Алаксандар и Христијан (на пример). Да не продолжувам оти ќе стане досадно, иако е многу сериозно, напиша Демири на социјалните мрежи.
Мариглен Демири