Дефектот на трафостаницата, односно нисконапонскиот кабел кој ја поврзува поликлиника Букурешт со истата е саниран во најкраток можен рок и објектот на поликлиниката има непречено снабдување со електрична енергија, соопшти Здравствен дом на Скопје.
Закажаните прегледи преку Мој термин продолжуваат редовно да се реализираат во поликлиниката.
– Брзата помош функционира без никакви проблеми, вакцините, инсулините и лабораториските реагенси се повторно на безбедно вратени во ладилниците во поликлиниката Букурешт. Вакцинацијата, снабдувањето со инсулини, лабораториските испитувања и комисиската оцената на боледувањата ќе се одвиваат непречено, изјаво Злате Мехмедовиќ, директор на Здравствен дом на Скопје.