Денеска во Благоевград, Република Бугарија, беше потпишан Договор за меѓународна соработка помеѓу НУ „Театар Комедија“ – Скопје, Р. Македонија, и Драмскиот театар „Никола Вапцаров“ – Благоевград, Р. Бугарија.
Директорите на двете институции, Сашо Ристовски и Александар Галперин и нивните соработници, се договорија за заемна размена, гостувања, учества на фестивали и соработка на нови проекти, сѐ со цел продлабочување на соработката помеѓу театарите и државите.