Швеѓанецот Тим Берглин попознат како ди џеј Авичи, почина денеска во Оман. Тој попладнево бил најден во местото Мускат, во државата Оман. Според неговиот публицист, не е позната причината за смртта.
Пред две години, Авичи објави дека нема да настапува повеќе во живо, а во последно време боледуваше од панкреатитист поради преголемата употреба на алкохол. Уметникот кој светот го освои со хит песните „Levels” и „Wake me up” четирисе наоѓаше на листата на најпалтените светски ди џеји со заработка од 57 милиони долари.
28 годишниот ди џеј има освоено две MTV награди и двапати беше номиниран за Греми. Соработуваше со Дејвид Гета, Мадона и Лени Кравиц. Годинава е номиниран за музичката награда Билборд.