“Со длабока тага, ја споделуваме со вас веста за смртта на еден од основачите на боречкиот клуб Лирија, повеќегодишниот тренер во нашиот клуб, Хајруш Синани.
Изразуваме искрено сочувство до неговото најблиско семејство, неговите пријатели и сите членови на неговото второ семејство, боречкиот клуб Лирија.” се вели во соопштението на боречкиот клуб “Лирија”.
Олимпискиот шампион Шабан Трстена и голем број на спортски работници на социјалните мрежи се опростуваат од Синани.
Синани со борење почнува за се занимава во 1954 година во Боречкиот клуб Металург од Скопје, кој е во состав на Железарницата, кој подоцна го менува името во Скопје, па во МИК. Тој бил државен првак, а имал успеси и на меѓународните турнири (Дан Колов, Јашар Догу и др.), како член на репрезентацијата на Југославија. Како тренер на репрезентацијата ја предводи на Спартакијада во Москва и во Франција на „Лермонт Феран“.
Тренерската кариера ја зпочнува 1977 година во БК Лирија од Скопје, каде и што ја звршува во 2002 година. Токму во истата година, по два мандати, го завршува и членувањето во Управниот одбор на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ)
Неговите борачи освоиле преку 40 медали на Олимписките игри, Светските првенства, Европските првенства, Медитеранските игри и Балканските превенства, но и многу државни титули. Лирија во 1983 година е шампион на Југославија.
“Со големо жалење ја примив веста за смртта на Хајруш Синани, спортската легенда во борење, тренерот на БК “Лириа”.
Доживотна благодарност за неговиот голем придонес во развојот на спортот на борењето и постигнатите успеси на нашите борци предводени од неговата професионалност. Нека биде вечен споменот за него!”, напиша градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
Искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и неговите колеги!