Падна првата оставка во Државната комисија за спречување на корупцијата
Членот на Комсијата и поранешен претседател, Горан Миленков си поднесе оставка. Миленков ја потврди информацијата за медиумите, но не сакаше дополнително да коментира ништо.
Засега не се познати причините за неговата оставка и дали ќе следуваат нови. Оставката следува по скандалот за ненаменски трошења на дел од членовите на ДКСК.