Статусот на имплементацијата на Планот 3-6-9 ќе биде презентиран денеска пред амбасадорите на земјите-членки на Европската унија од претставници на Владата.
Текот на реформите пред амбасадорите ќе го презентираат вице-премиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за правда Билен Саљији и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.