Премиерот Заев ќе се обрати на панел-дискусијата: „Со инвестиции во иновации до одржлив економски раст“

5

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска со почеток од 12:00 часот, ќе учествува на панел-дискусија на тема:„Со инвестиции во иновации до одржлив економски раст“.

Панел-дискусијата е во организација на Фонд за иновации и технолошки развој, а по повод 21 Април, Светски ден на креативноста и иновативноста.

Покрај премиерот Заев на панелот ќе се обратат Коста Петров, директор на ФИТР во улога на модератор, како и претставници на компании кои реализирале иновативна идеја со поддршка на ФИТР, односно Весна Кузмановска од „Стратум Рид“, Димитар Шошев- „Елисиум Центар“ , Ана Спасовска од „Иновејшн“ и Глигор Давчевски од „Докстим“.

Со цел запазување на препораките за заштита од КОВИД-19, настанот ќе биде онлајн и ќе може да се следи во живо на социјалните мрежи на ФИТР, како и на Фејсбук страната на премиерот Зоран Заев.