Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 12:20 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, го привеле 34-годишниот А.А. од тетовско Шемшово, осуден на три и полгодишна затворска казна за сторено кривично дело „невовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниции и прекурсори“.
По приведувањето, реализирано со судска наредба, соопштија денеска од МВР, А.А. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.