Поради нестручно работење, Судскиот совет денеска ја разреши судијката Татјана Михајлова. Официјално не го соопштија нејзиното име, а претседателот на Советот, Киро Здравев, изјави дека се работи за нестручно работење и злоупотреба на АКМИС системот.

– Нашата одлука да се разреши од функцијата судијка во судот, поради повредата на одредбите од судскиот деловник, во однос на примената на АКМИС системот. Подетално за предметот не можам да кажам, бидејќи мора да ја почитуваме пресумпцијата на невиност. Кога одлуката ќе стане правосилна, тогаш ќе објавиме и во Службен весник. Судијата е разрешен поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Постапката против судијата се водеше околу година и половина, една причините за тоа е што конкретниот судија не доаѓаше на закажаните расправи. Нестручното работење е утврдено за период од пред две до три години – рече Здравев, пренесеува А1.он.

Инаку, судијката Михајлова е позната како судијка која забрани „бомбите“ да се користат како докази во постапките на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а беше главна судијка и во „Шамарите во Центар“.