Русија и Кина денес потпишаа договор за соработка за истражувањето на Месечината и вселената, но и за изградба на Центар за лунарно истражување.
Двете земји се договорија да креираат заеднички центар за размена на податоци за проектите на Месечината и проектите за истражување на вселената.
Во проектот ќе бидат вклучени научни и индустриски организации како и компании.
Русија и Кина исто така ја разгледуваат и можност за спроведвање на програми на Месечината. Тоа би подразбирале и лансирање на рускиот орбитер Луна-26 во 2022 година, додека Кина планира слетување на јужниот пол на Месечината во 2023 година.