Аналитичарот од „КГИ Секјуритис“, Минг-Чи Куо смета дека „Самсунг“ нема да интегрира сензор за отпечатоци на екранот на „Галакси Ноут 9“. Според него, Корејците се откажале од првичните планови за ваква одлука поради настанатите технички тешкотии. Во моментов има две опции за овој тип сензор. Едниот е развиен од „Куалком“ и е базиран на ултразвук, додека вториот е оптички и има опции кои се произведени од „Самсунг ЛСИ“, „Гудикс“, „Еџис“ и „Синаптикс“.
Куо е убеден дека и двете решенија во моментот не ги исполнуваат техничките барања на „Самсунг“, бидејќи имаат проблем со скрин протекторите, различната стапка на успех, која е зависна од животната средина, како и високата потрошувачка на енергија. Пред неколку месеци се сметаше дека „Самсунг“ ќе додаде сензор за отпечатоци на екранот уште во „Галакси Ес9“, но подоцна токму слични технички потешкотии ја одбија компанијата од таков потег. Според „КГИ Секјуритис“, првите такви производи на корејците се очекуваат во 2019 година.
Минг-Чи Куо, исто така е на мислење дека користената од „Епл“ технологија за препознавање на лицето е ветувачка и во иднина ќе видиме многу производи токму со неа, додека вградените во дисплеите сензори за отпечатоци ќе останат во втор план. Како главна причина за таков развој, тој истакнува дека камерата нуди универзално решение, бидејќи оптичкиот метод за препознавање на отпечатоци, кој се користи во моментов, е ограничен само на OЛЕД екрани.