СДСМ избра ново раководство, Димитријевиќ е новиот генерален секретар на партијата ноември 27, 2024 954 Share Facebook Twitter WhatsApp Email Print Telegram Viber Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница на избра потпретседатели и генерален секретар на партијата. За генерален секретар е избран Александар Димитријевиќ од ОО Гази Баба. Димитријевиќ е актуелен советник во Гази Баба, а претходно беше и потпретседател на младината на партијата. За потпретседатели на партијата Централниот одбор ги избра поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, Менде Илиевски – член на Советот на општина Битола, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска и Кристина Костова – член на ЦО на СДСМ. Избрани се и двајца организациски секретари – поранешниот пратеник од Куманово Мартин Костовски и Љупчо Фармаковски од општинската организација во Центар. Во неделата СДСМ го одржа 30. Конгрес на кој Фани Каранфилова-Пановска беше избрана за заменик-претседателка на партијата. ПОВЕЌЕ СОДРЖИНИОД РЕВОЛУЦИОНЕР Зоран Заев – Храбар и решителен лидер во очите на Ангела Меркел Информација за новопоставен Началник на СВР Битола Приведен инспектор од Државниот инспекторат за животна средина, примил поткуп! Средба на директорот на БЈБ, Тасевски со државниот секретар на МВР на Црна Гора, Милошевиќ Објавен нов повик „Стартап херои” на ФИТР Костадинов: Економските мерки даваат резултат, продолжува помошта за граѓаните Актуелно Маестро Мишел Трајковски и актерката Јана Стојановска ја претставија „Весник“ музичка приказна што допира до... СДСМ избра ново раководство, Димитријевиќ е новиот генерален секретар на партијата Зоран Заев – Храбар и решителен лидер во очите на Ангела Меркел Информација за новопоставен Началник на СВР Битола