Официјалните податоци кои што денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат раст на просечната плата во јануари 2018 година за 5,6 проценти, во однос на истиот месец во 2017 година.
Ова е потврда дека економските мерки на Владата предводена од СДСМ даваат резултат, економијата се придвижува, платите растaт. Со зголемувањето на минималната плата се откочува спиралата на раст на платите, а раздвижувањето на економијата дава реални и видливи резултати.
Според официјалните податоци, просечната нето плата во јануари изнесува 24.025 денари што е за 5,6 отсто повеќе во однос на јануари 2017 година.
Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, зголемена помош за претпријатијата, повисоки плати, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани.