Седум лица повредени од експлозија на гас во Русија

4

Спасувачите пронајдоа тело на починато дете под урнатините на една куќа во регионот на Нижни Новгород каде се случи експлозија на гас, изјави руското Министерство за вонредни ситуации пренесуваат руските медиуми.

Како што е наведено, несреќата се случила доцна синоќа во селото Маргуша во регионот на Нижни Новгород, во стан на трети кат на трикатна куќа, а вториот и третиот кат од куќата се срушиле и избувнал пожарот.

Во извештајот се наведува дека спасувачите потврдиле дека се повредени вкупно уште седум лица, од кои три деца.