Семејството Стајиќ донира еден милион денари на семејството Белчовски

92

Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија му донираат 1 милион денари на семејството, на трагично починатата Верица Белчовска, кое покажа колку е цврсто во болката. Белчовски во најтешките моменти одлучија да ги донираат органите на нивната ќерка и сестра, а нејзиното срце и бубрези спасија живот на тројца млади луѓе, на возраст од 22, 27 и 40 години.

-Да се донесе одлука да се даруваат органите на своето дете во моменти кога го губите засекогаш, потребно е многу сила, љубов и хуманост – да мислите на туѓ живот кога го губите своето најмило. Белчовски во овие моменти се неутешни и не постои збор што може да ја намали нивната болка која им ја гребе душата и не им дава мир. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Не постои човек кој не им е бескрајно благодарен, бидејќи ни покажаа дека живот сепак може да се подари – велат од семејството Стајиќ, изразувајќи длабоко жалење до фамилијата за прераната загуба.