Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 38. седница. Во Парламентот ќе заседаваат и 13 комисии.

На пленарната собраниска седница ќе бидат разгледани закони од областа на енергетиката, економијата, финансиите, туризмот, здравството, земјоделството, екологијата …

Седници ќе одржат собраниските комисии за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт, врски и екологија, за европски прашања, за прашања на избори и именувања, за финансирање и буџет, за одбрана и безбедност, за образование, наука и спорт, за надворешна политика, Законодавно-правната комисија, за политички систем и односи меѓу заедниците, за култура, за економски прашања и Буџетскиот совет на Собранието на РМ.