Барселона се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампиони, откако на реваншот го победи Челзи со 3:0 и со вкупен резултат 4:1 го елиминира тимот од Лондон.
На овој начин, Каталонците го победија англискиот тим за првпат по осум натпревари.
Херој за шпанскиот гигант беше Лео Меси, кој нанижа два погодоци во голот на Тибо Куртуа, откако и во двата случаи топката мина меѓу нозете на голманот. Вториот гол беше под број 100 во ЛШ за петкратниот освојувач на „Златната топка“.
Со него, Меси стана само втор играч кој стигнал до оваа височина по неговиот голем ривал за број 1 на планетата, Кристијано Роналдо.
Меѓу неговите голови, прецизен беше и критикуваниот Усман Дембеле, откако доби асистенција од Аргентинецот.
Жррепката за четвртфиналето ќе се одржи утре, а таму се уште актуелниот првак на Европа, Реал Мадрид, минатогодишниот финалист Јувентус, Манчестер Сити, Ливерпул, Севиља, Рома и Баерн Минхен.