Денес, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, началникот на СВР Скопје Тони Јакимовски и претставник од полицискиот синдикат, а на покана на командантот Примислав Димовски, остварија заедничка средба и беа во посета на командата на Единицата за интервентна полиција,
Имено, станува збор за неодамнешна иницијатива од страна на единицата, а која се реализира со заедничка соработка и допринос во обезбедување на простор и снабдување на опрема за тренинг кои ќе бидат со намена и во функција на припадниците на единицата.
Поканата за остварената посета беше со цел искажување на благодарност за дадената поддршка која придонесува за уште поефикасно функционирање и евидентно подобрување на севкупните резултати на Единицата.
Кога се сака, со добра соработка и иницијатива се се може.