Младиот српски и косовски ракометарки требаше да играат денеска во 16:00 часот во Спортскиот центар Ковилово.
Србија е домаќин на квалификациска група во која се наоѓаат и Норвешка и Словачка. Натпреварот требаше да се одигра во Крагуевац, но Српската ракометна федерација се предомисли, поради големото незадоволство на јавноста од одлуката да не се користат националните обележја, и натпреварот го премести во Ковилово.
Одлуката за забрана за играње на натпреварот дојде неколку часа откако навивачите го најавија нивното пристигнување пред СЦ во Ковилово, во момент кога се зголемени тензиите меѓу владите во Белград и Приштина, објави Б92.
ЕХФ донесе претходно одлука навивачите и преставниците на медиумите да не присуствуваат на натпреварот.