Советот на јавните обвинители на денешната седница избра 5 обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Тројца од нив се поранешни обвинители од СЈО, односно Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов и Артан Ајро. На денешната седница во тимот на Вилма Русковска беа избрани и Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевич.
На седницата која се пренесуваше во живо, беше кажано дека во конкуренцијата има вкупно пријавени 14 кандидати, кои биле оценети со позитивна оценка.
-Никола Довлев добил 24,5 поени, Лиле Стефанова 25 поени, Елизабета Јосифовска 24 поени, Наташа Поп Трајкова 24,5 поени, Фатиме Фетаи 25 поени, Имра Османи 20,5 поени, Артан Ајро 25 поени, Трајче Пеливанов 25 поени, Златко Биковски 25 поени, Љубомир Лапе 24,5 поени, Вера Проевска 23 поени, Катерина Коларевич 25 поени, Наташа Сарамандова (не беа кажани поени), Верица Крстевска 25 поени, истакна претседателот Ацо Колевски, додавајќи дека повеќето обвинители имаат освоени 25 поени, и станува збор за стручни кадри.
По презентирањето на оценките, се премина на гласање.
За обвинителот Никола Довлев „ЗА“ гласаа двајца, што значи дека не беше ибран.
За Лиле Стефанова „ЗА“ гласаа 10 членови на Советот, а против само еден, односно Фиданка Раевска. Стефанова е избрана за обвинител во Организиран.
За Елизабета Јосифовска „ЗА“ гласаат само тројца, поради што не беше избрана.
За Наташа Поп Трајкова „ЗА“ гласаа 11 членови, што значи дека е избрана.
За Фатиме Фетаи „ЗА“ гласаа четворица членови, поради што не го доби потребното мнозинство.
За Имра Османи „ЗА“ гласаше 1 член, по што не беше избрана.
За Ајтан Ајро „ЗА“ гласаа 11 членови, со што стана обвинителе во Организиран.
За Трајче Пеливанов „ЗА“ гласаа 11 членови, односно беше избран.
За Златко Биковски „ЗА“ гласаа 4 членови, поради што не беше избран.
За Љубомир Лапе „ЗА“ гласаа 4 членови, кои не беа доволни за избор.
За Оливера Проевска не беше избрана.
За Катерина Коларевич „ЗА“ гласаа 11 членови, што значи беше избрана.
За Наташа сарамандова „ЗА“ гласаа 5 членови, по што не беше избрана.
За Верица Крстевска „ЗА“ гласаа 3 гласа, кои не беа доволни за избор.