Изградбата на нови патишта и реконструкција на постоечката патна мрежа во Република Македонија е врвен приоритет на Владата.
Од таа причина, влеговме во еден инвестициски циклус во подобрување на целокупната патна инфраструктура во државата, преку изградба на нови автопати, изградба на експресни и регионални патишта па се до реконструкција на оштетените патни правци кои со години наназад не биле реконструирани, а се суштинска потреба за граѓаните и целокупното стопанство.

Сакам да потенцирам дека ова е најобемна програма со најголем број на проекти за подобрување на квалитетот на патната инфраструктура во државата. Практично цела Македонија ќе биде едно големо градилиште.
Веднаш сакам да нагласам дека средствата за реализација на сите проекти се веќе обезбедени, што од сопствени средства што од заеми.
Оваа година ќе дозавршиме со изградба на двата автопати, Демир Капија-Смоквица и Миладиновце – Штип.

Во однос на автопатот Демир Капија – Смоквица сакам да потенцирам дека се надминати сите затечени состојби од претходната Влада и во делот на контролниот центар и во делот на дислокација на далноводот, и како што претходно најавивме, очекуваме до крај на април да го пуштиме во употреба.
За автопатот Миладиновце –Штип, исто така во најкраток рок ги решивме сите недостатоци, со изведувачот потпишавме договор за продолжување на рокот без да го оштетиме државниот буџет и очекувам до крај на септември оваа година и тој автопат да биде завршен.

Понатаму, континуирано ќе продолжиме и со изградба на автопатот од Кичево до Охрид. Пред една седмица го усовивме предлогот за продолжување на рокот за изградба се до месец јуни 2021 година. Анексот на договорот набрзо ќе се најде во Собрание и очекуваме Пратениците да го прифатат и изгласаат.
Во однос на дополнителните средства што ќе бидат потребни за доизградба, сакам да појаснам дека во следниот период ќе се врши препроектирање на тунелот, проектирање на девет клучки, мостови и други позции и откако сето ова ќе заврши ќе имаме јасна и прецизна слика колку дополнително ќе не чини овој проект.
Годинава ќе завршиме и со рехабилитација на автопатската делница Неготино – Демир Капија во двата правци која беше најоштетена на Коридорот 10. Претходно завршиме со целосна реконструкција на делницата Миладиновце-Куманово и обратно од Куманово до Миладиновце како и делницата Смоквица-Гевгелија.
Сакам да нагласам дека оваа година ќе имаме комплетно реконструиран, брз и безбеден автопат на Коридорот 10.

За делницата Скопје – Блаце, обезбедивме грант средства од 1,2 милиони евра за проектирање. Во тек се подготовки за ново проектирање на целата траса и тоа на ниво на автопат, бидејќи сегашниот проект не ги задоволува меѓународните тенички и безбедносни стандарди.
Исто така во тек е и проектирање за изградба на нов автопат, делница Гостивар – Кичево кој планираме да се гради во три фази.
Во делот на автопатската мрежа, во тек е реконструкција и на дел од коловозот на делиците Сарај – Групчин, Петровец – Миладиновци и Кадино-Хиподром, а во следниот период ќе отпочнат санации и на други автопатски делници.
Во однос на еспресните патишта, оваа година ќе започнеме со изградба на три експресни патишта и тоа: Штип-Радовиш, втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп и од Ранковце до Крива Паланка, вкупна инвестиција од преку 100 милиони евра.

Конкретно за експресниот пат Штип – Радовиш, веќе имаме потпишано договор со изведувачот и изградбата очекуваме да започне следниот месец.
Исто така и за втората фаза од експресниот пат Градско –Прилеп, поточно делницата Градско – Дреново во должина до 10 км, имаме потпишано дооговор со изведувачот. И овој пат ќе започне да се гради следниот месец.
За експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка во тек е процедура за вадење на одобрение за градење и кога ќе се заврши целата постапка а тоа очекуваме да биде следниот месец, веднаш ќе започне со изградба. И за овој правец имаме склучено договор со изведувач.
Во тек е изградба на експресниот пат Штип –Кочани и првата фаза од експресниот пат Градско –Прилеп.

Исто така оваа година предвидено е да започнеме со изработка на проектна документација за изградба на полуавтопат од Прилеп до Битола, потоа проект за изградба на експресен пат од Битола до граничен преми Меџитлија како и експресен пат од Струмица до границата со Бугарија.

Во текот на оваа година ќе се отпочне со реконструција на преку педесетина регионални патишта, санирање на мостови и свлечишта како и модеризација на патарините на Коридор 10.

Генерално како отворена и одговорна Влада, политиките што ги преземаме во делот на инфраструктурата се во насока на обезбедување на два клучни моменти; прво економско зајакнување на Република Македонија и второ, обезбедување на квалитетен живот за сите граѓани на оваа држава.