Со 8 гласови ЗА членовите на Советот го прифатија предлогот на членот Влатко Самарџиски за вонредно оценување на судиите, кои се пријавиле на огласот за избор на претседател на скопска Апелација.
Ова Самарџиски го побара бидејќи, како што рече, дел од кандидатите од кривичниот суд биле ниско рангирани, поради злоупотребите со годишниот распоред на судии, кога одредени судии биле префрлани во други оддели.