Раководството на КФСМ за понеделник закажа прес-конференција на која ќе биде именуван новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија.
ЕКИПА дознава дека станува збор за српскиот стручњак Драган Бајиќ, стратег кој сезонава бележи извонредни резултати со тимот на Игокеа. Бајиќ успеа да ја однесе Игокеа во полуфиналето од АБА-лигата и е најсериозен кандидат за наградата „тренер на годината во АБА“, а во меѓувреме би требало да го има и својот прв репрезентативен ангажман, и тоа како селектор на македонскиот национален тим.
Тој ќе пристигне на клупата на македонската репрезентација на местото на Александар Тодоров, кој си заминува од кормилото откако не успеа да обезбеди пласман на Евробаскет. Прв предизвиик за Бајиќ како селектор на Македонија ќе бидат претквалификациите за СП, на кој новиот кормилар ќе има дополнителен проблем поради неиграњето на капитенот Војдан Стојановски по тешката повреда на коленото.