Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес, во Брисел, ќе учествува на инаугурацијата на Групата „Пријатели на Република Македонија” во Европскиот Парламент.
Групата „Пријатели на Република Македонија” во Европскиот Парламент е неформална група составена од пратеници во Европскиот Парламент од различна политичка провениенција, која во променет и проширен состав по пауза од речиси три години, ја обновува својата работа.
Групата е замислена како своевиден форум на обезбедување поддршка на Република Македонија во нејзините европски аспирации и цврста потпора на нејзиниот европски пат.
Министерот Димитров ќе има церемонијално излагање на инаугурацијата во кое ќе се осврне на актуелниот момент во односите меѓу Европската Унија и Република Македонија.
Министерот Димитров ќе оствари и повеќе одвоени средби со пратеници во Европскиот Парламент.