По последниот обид на ВМРО-ДПМНЕ за минирање на полициската акција за фалсификување на патни исправи се поставува прашањето, дали има поврзаност помеѓу некој од челниците на опозиционата партија со некој од инволвираните во истрагата?

Фалсификатот во ВМРО-ДПМНЕ не е некоја новина со оглед на тоа што нивни поранешен министер, а сега пратеник Антонио Милошоски во повеќе наврати бил осуден во Германија и тоа еднаш за кражба и еднаш за фалсификување на патна исправа.

Според документите се гледа дека судот во градот Ахен, пресудил дека Милошоски сторил дело фалсификување на исправи.

“Политиката е една работа, меѓутоа да работите директно против интересите на државата, да се рушат истрагите, е нешто што апсолутно не е дозволено, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за Алџезира, за објавувањето детали од акцијата „Двојник“ од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.