Меѓународниот совет на фудбалски асоцијации (ИФАБ) го потврди воведувањето на четвртата замена на фудбалски натпревари, на кои треба да се одиграат дополнителни 30 минути.

Употребата на дополнителна замена беше тестирана во натпревари од националните куп натпреварувања на Англија и Германија, Олимпијадата во Рио де Жанеиро, Светското првенство на жените и Купот на конфедерации.

Првата четврта замена на официјален натпревар меѓу националните тимови беше искористена во полуфиналето на Купот на конфедерации во Русија во летото 2017 година. Тоа беше дуелот помеѓу Португалија и Чиле, кога во 116-тата минута португалскиот играч Желсон Мартинш се појави во игра на местото на Андре Гомеш.