Компанијата Фолксваген, и покрај тоа што се ширеа гласини дека легендарната „Буба“ може да добие и своја електрична верзија, соопшти дека го прекинува производството на ова светски популарно возило.
Тоа се има случено и претходно. Фолксваген и во 2003 го запреа производството, за во 2011 да соопштат дека се враќаат на светската сцена со ново модерно возило.
– Две или три генерации се доволно. „Бубата“ веќе создаде историја, но не можеме по петпати да се повлекуваме, па да се враќаме со нова „Буба“, изјави Френк Велш, технички директор на компанијата.
Оваа икона на автомобилската индустрија се произведува од 1938 година, а својот подем во поп-културата го доживеа во 60-те и 70-те години од минатиот век, пишува порталот „Форчн“.
Велш, сепак, не го соопшти датумот кога производството дефинитивно ќе запре.