Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот безвизен режим што побргу, пишува „Газета експрес“.
Харадинај на „Фејсбук“ напиша дека Косово останува решено да се соедини со другите западнобалкански земји во зацврстувањето на мирот и развојот на меѓусебната соработка, со цел да се забрза заедничкиот пат кон европската интеграција.
„Косово постигна напредок, особено во однос на владеењето на правото и побарав од Хан да го вклучи Косово во визната либерализација најбргу што може“, напиша Харадинај.