Општина Центар е првата општина во град Скопје која се вклучува во проектот Банка за храна.
Општината логистички и просторно ќе помогне во реализација на проектот за НУЛА ГЛАД во Центар.
Социјални семејства, ќе добиваат социјални пакети и храна, која ќе биде донирана од угостителските објекти и маркети. Оваа помош ќе им биде распределена на оние на кои што им е најпотребна.
„ Просторот е веќе обезбеден и изгласан на седница на Советот на општина Центар. Со ова ќе го дадеме својот придонес да се намали бројот на гладните во Центар и активно ќе се вклучиме во борбата против сиромаштијата и гладот“, рече градоначалникот Саша Богдановиќ, кој е амбасадор за борба против гладот.
Проектот е поддржан од Европската унија преку ИПА програмата за граѓанско општество. Со овој проект општина Центар ќе го поттикне подобрувањето на правната и институционална рамка која ќе овозможи превенција на фрлањето храна.