Петта седница на централниот одбор на СДСМ. Се дискутира за актуелната состојба во државата, спроведувањето на политиките за подобар живот на граѓаните и за внатрепартиските активности.

Членови на ЦО на СДСМ потвртуваат дека Андреј Жерновски, поранешниот лидер на ЛДП и градоначалник на Центар и Чедомир Саздовски, независен пратеник во Собранието кој до скоро беше дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ како член на ГРОМ, стануваат членови на централниот одбор на СДСМ. Членовите на ЦО го изгласаа и пратеникот Костадин Костадинов за член на ЦО на СДСМ.

Во седиштето на владејачката партија во 18 часот започна состанок на Централниот одбор.

Неофицијално, на состанокот претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев ќе информира и за реконструкцијата на Владата,  за проширување на владината коалиција, а ќе се расправа и за динамиката на процесот за решавање на спорот со  името.