Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер денеска официјално предложи лидерката на Христијанско демократската унија (ЦДУ), Ангела Меркел да биде избрана за канцеларка на Германија.
– Мислам дека е добро за нашата земја што конечно заврши овој период на неизвесност, изјави Штајнмајер по номинацијата на Меркел.
Германската канцеларка од своја страна најави брзо формирање на новата коалициска влада меѓу нејзиниот конзервативен блок и Социјалдемокартската партија на Германија (СПД).
Таа оцени дека шест месеци по изборите, одржани лани во септември, германските граѓани имаат право на стабилна влада.
Меркел порача дека нејзината нова влада ќе работи заедно со Франција за зацврстување на Европската унија и дека ќе се посвети на зајакнување на германската економија и на стабилизиција на пазарот на трудот.
Штајнмајер официјално ја предложи Меркел за нов мандат на канцеларската функција, откако вчера беше објавено дека членовите на СПД на внатрепартискиот референмдум со двотретинско мнозинство го одобриле догворот за формирање нова владина коалиција меѓу нивната партија и демохристијаните на германската канцеларка.