Барем десет пати побарав од СЈО да ми ги достават сите записи од моите прислушувани разговори, но одговор не добив. Затоа се обратив до Народниот правобранител и тој ја побара информацијата од СЈО, рече обвинетиот Миле Јанакиески на судењето за случајот Топлик, односно за изградбата на Сончев град, објави „Фокус“.

-Оговорија дека доколку во листата се утврди дека мојот број бил прислушуван ќе бидеме известени. Ова значи дека се уште не е утврдено дали воопшто сум бил прислушуван. Токму затоа бараме автентично толкување на разговорите, рече Јанакиески.