Идејата е на некои медицински сестри да ги утешат изолираните пациенти кои лежат на одделот поради Ковид-19.
Две ракавици за еднократна употреба врзани и полни со топла вода, симулираат невозможен човечки контакт поради изолацијата во просториите.
– „Сфатив дека оваа ракавица со топла вода ќе ја подобри перфузијата и пациентот ќе има подобра сатурација: Се надевам и дека пациентот ќе се чувствува како некој да го држи за рака.“ – рече бразилската медицинска сестра Лидијан Мело