Притисокот не е алатка која што Европската Унија треба да ја користи за решавање на спорот за името. Ги охрабруваме Грција и Македонија заеднички да најдат решение. Тие се во преговарачки процес, не треба ние да се мешаме, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер за „Евроњуз“.
На прашање на новинарката дали смета дека е оправдано барањето на Грците, Македонија да го смени Уставот, Јункер повтори:
„Ние не се мешаме во овој процес на преговори меѓу Грција и ПЈРМ“.