Разговараше: Виктор Азманоски

Од кога Миа се занимава со пеење ?

Миа: Па од кога знам за себе се занимавам со пеење, или од мојата петта година, често пати дома кога ги прегледуваме семејните фото албуми јас сум таа која што била задолжена за забава.

Од кого го имаш наследено твојот талент за пеење ?

Миа: Порано татко ми се занимавал со музика, односно бил рапер, а и сега се занимава со музика односно со пишување на текстови, аранжмани и снимање на музички спотови. Сигурно од него го имам наследено талентот.

Дали Миа има настапи освен учеството на “Пинкови ѕвездички” ?

Миа: Сеуште немам некои настапи со кои би можела да се пофалам, но досега имам настапено само на еден хуманитарен концерт кој беше во организација на Црвен крст и многу ми е драго што настапив таму, се надевам дека во иднина ќе настапам и на некои други манифестации или можеби ќе се појавам и на некој фестивал.

Кој е твојот музички идол ?

Миа: Има повеќе светски пејачки имиња чии песни сакам да ги испеам, но идол дефинитивно  Ејми Вајнтхау

Каде се гледаш по завршувањето на наптреварот “Пинкови ѕвездички” ?

Миа: Би сакала да почнам да се занимавам посериозно со музика како, размислувам најпрво да снимам една песна а потоа и албум кој ќе се слуша во светот.

loading...