Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го постигна единствениот гол за Палермо синоќа на дуелот со Кротоне во седмата рунда од италијанската Серија Б.

Несторовски погоди во 86.минута за голема радост на присутните на „Ренцо Барбара“ кои го скандираа името на Македонецот.

Вторито македонски репрезентативец во редовите на Палермо, Александар Трајковски играше до 76. минута.

Оваа победа за Палермо е многу значајна, бидејќи со новите три бода, тимот фати приклучок со водечките екипи.

Сицилијанците сега се на 5.место со 11 бода, но и натпревар помалку од екипите пред нив. Лидер е Пескара со 15 бода, Верона има 13, Лече и Специја по 12.

loading...