Педесетгодишниот Пит Михалик, познат јужноафрикански адвокат од Кејптаун и адвокат на убиецот на Аркан, бил убиен утрово пред приватно училиште, пренесуваат јужноафриканските медиуми.

На Михалик му било пукано во главата, а убиецот веднаш потоа влегол во сиво „поло”.

Според првичните информации, ранет бил и осумгодишниот син на адвокатот.

Убиениот ги носел своите две деца во приватно училиште, оддалечено на само неколку минути од својата куќа во елитниот дел на градот.

Михалик бил самохран татко. Неговата сопруга се самоубила пред неколку години. Тој веднаш после трагедијата бил фатен во прегратка на позната манекенка.

Неговата ликвидација се поврзувала со убиството на адвокатот Нурудин Хасан, кој исто така работел на случајот со убиецот на Жељко Ражнатовиќ.

Добросав Гавриќ е осуден на 35 години поради убиство на Ражнатовиќ и двајца негови пријатели. Тој се наоѓа во куќен притвор во Јужноафриканската Република, каде бил уапсен во декември 2011 година. Тамошните власти се уште не го предавале во Србија, за што допринел и убиениот адвокат.

loading...