Македонската фудбалска репрезентација вечерва го пречекува Гибралтар во натпревар од последното, шесто коло во Лигата на нации, а натпреварот почнува во 20 часот и 45 минути.

Иван Тричковски, кој беше стрелец на гол на првиот натпревар во Гибралтар, ги повика навивачите на „црвено-жолтите“ во што поголем број да дојдат на Арената „Филип Втори“ во Скопје.

– Очекувам посветеноста од сите нас да биде на највисоко ниво. Само така ние може да направиме победата да биде полесна. Се стремиме да даваме што повеќе голови, но не е лесно против дефанзивни селекции. Како и да е, имаме историска шанса за пласман за едно големо натпреварување и се надевам на што поголема поддршка и заедно со навивачите да славиме – изјави Тричковски.

Во пресрет на последното коло во Групата- 4 од Д-лигата, Македонија е прва на табелата со 12 бода, Ерменија има 9, Гибралтар 6, Лихтенштајн 3.

loading...