Италијанската финансиска полиција и царина заплениле 333 килограми чист кокаин во пристаништето Ла Специја, при што се уапсени и четири лица.

Дрогата била скриена во контејнери со гранит, а пристигнала од Бразил, пренесува АНСА.

Полицијата го следела контејнерот до тосканската провинција Маса-Карара пред да го заплени, а уапсени се еден италијански и тројца странски државјани.

loading...