Интервју со Д-р Вангел Здравески, кој беше дел од тимот кој ја изврши првата трансплантација на срце од донор.

Разговараше: Виктор Азманоски 

Накратко кој е Вангел Здравески, каде заврши основно, средно образование и факултет?

Роден сум 1989 год, во Скопје. По татко имам крушевско (влашко) потекло, а по мајка сум прилепчанец. Основното образование го завршив во ОУ-Блаже Конески, а средното образование во Гимназијата Мирче Ацев во Прилеп. Завршив медицински факултет во Скопје како еден од најдобрите студенти во генерацијата, со што добиив можност за стипендија за последипломски студии.
Своето усовршување го продолжив во Виена (Австрија), на одделот за кардиохирургија во болницата AKH(Allgemeines Krankenhaus der Stadt Wien ) од каде ги собирав податоците за мојата магистерска теза, а воедно и асистирав при операции. Нa UMIT универзитетот под менторство на Проф.Др.Харалд Штумер ја одбранив мојата магистерска теза.
По завршувањето на постдипломските студии, добив покана од медицинскиот факултет во Скопје за оттпочнување на специјализација на новоотвроената Универзитетска Клиника за Државна Кардиохиругија во Скопје. Иако во тој период имав понуди за специјализација во Германија и Австрија, воден од големата љубов кон кардиохирургијата, одлучив мојот професионален развој и усовршување да го продолжам во матичната земја и целото свое знаење да го ставам во служба на нашите граѓани. Сега сум 5та година од 6 годишниот пат. За време на специјализацијата имав стручни усовршувања во Белград, Србија и Цирих, Швајцарија.

Како кардиохирургијата стана Вашиот избор?

Мaкедонија досега немала своја кардиохируршка школа и кардиохирузи кои специјализирале на медицинскиот факултет. До сега моите колеги тоа го правеле надвор од границите на државата или буквално сме увезувале кадар кој останувал 2-3 години и потоа си заминувал. Верувајте навистина е тешко да се направи нешто што го нема и не постоело од осамојостувањето на државата. Јас сум прв специјализант кој започна на директна шест годишна специјализација по кардиохиругија под менторство на Проф.Сашко Јовев.
Но пред се љубовта кон хирургијата, како и третман на кардиоваскуларните болести отсекогаш ми беа најголема желба и имав посебен интерес.

Зошто луѓето денес се повеќе страдаат од кардио-васкуларните болести?

Кардиоваскуларените болести биле и се, а во скора иднина и ќе бидат најголемиот убиец на овај свет, пред се тоа е гениката, но и модерниот начин на живот како и хигиено диетските навики, и не редовните физички активности. Нeкои од сите ризик фактори се модифицирачки и може да влијаеме, но на некои не можеме да вијаеме.

Колку често треба да се посети кардиохирург без симптоми?

Доколку немате симтоми посетат кај кардиохирург е непотребна, најчесто пациентите кај нас доаѓаат веќе дијагностицирани и се бара од наша страна мислење за хируршки третман.

Вие бевте дел од тимот на лекари кои ја извршија првата трансплантација на срце во Република Северна Македонија, кажете ни како се случи Вие да бидете дел од овој тим, што претставува за Вас како млад доктор?

Како доктор на специјализација по кардиохирургија кој е вработен на УК за Државна Кардиохиругија ги знаев сите пациенти со целокупната нивна медицинска историја кои во тој момент беа хоспитализирани на клиниката. Имено директно сум вклулчен во клиничките иследувања и сите прегледи кои им се прават на пациентите пред да бидат ставени на националната листа за трансплантација. Нo пресудно беше тоа што г-дин Иван Огњановски го водев лично за време на неговата прва хоспитализација и првата операција во месец февруари и ја знаев целокупната негова здравсвтена состојба. Искрено сум премногу среќен што срцето на донорот Емилија имаше совпаѓање со антигените на срцето на Иван, затоа што ова е втор пат на 52 годишниот пациент да му го спасуваме животот. Првиот пат пациентот имаше престанок на срцевата работа (cardiac aresst) кога заедно со моите колеги Др. Васил Пaпестиев и Др.Надица Мехмедовиќ успешно го реанимиравме и беше внесен итно во операциона сала каде му беше направено аорто-коронаро премостување (бајпас на срце). Уште тогаш на 20ти февруари срцето на Иван имаше страшно редуцирана пумпна снага (ежекциона фракција) помала од 20%, но ја издржа операцијата и на нозе во добра состојба го испративме дома. Во последниот период состојбата му се влошуваше и имаше две хоспитализации, од кои во последната доби и срце, благодарение на семојството Диневи.

Кој е вашиот став по однос на донирање на органи?

Највисок чин на алтруизам е да даруваш орган на некој близок од твојата фамилија како би спасил живот. Пoклон до земја за семејството Диневи од Стар Дојран кои покажаа дека имаат високи морални вредности како фамилија. Во ова време кога сите сме под притисок од глобалната пандемија заради ковид 19 се докажа дека хуманоста секогаш победува и обединува. Во Македонија дефинитивно ни треба поголема медиумска кампања за дарување на органи. Иако имаме јасни законски регулативи, мое лично мислење е дека граѓаните не се доволно информирани за процесот на дарување на органи и за самата трансплантација.

Во однос на вашата професија што мислите има ли услови за работа и нови достигнувања во медицината во земјата?

Моето лично мото е дека ако си успешен секаде ќе бидеш успешен. Нa УК за Државна Кaрдиохирургија располага апсолутно со целокупната медицинска опрема потребна за извршување на овие кардиохируршки зафати. Меѓу другото ќе бидам нескромен ако кажам дека ги имаме и најголемите и најопремените сали во државата. Ние како клиника пред две години први го започнавме програмот за третман на пациенти со срцева слбост и вградување на механички циркулаторни поткрепи т.н вештачки срца, а сега трансплантацијата дојде како круна на таа макотрпна работа.

 Поминавте период на пандемија, коронавирусот ја почувствувавме сите но најмногу медицинските лица, имате ли слободни денови или постојано сте на работа во Клиничка болница?

Во периодот на пандемија и ние работиме под специјални услови, 2 недели сме на работа и приправни, потоа две недели сме во домашна изолација.
9. Дали оваа ситуација дава кај докторската фела дополнителна енергија да се победи непријателот и од каде доаѓа таа енергија?
Енергијата најчесто доаѓа од лицето и здравствената состојба на излекуван пациент.

И за крај дали има нешто што сакавте да кажете, а јас не ве прашав? 

Па мото од кое се водам во мојот живот – дека во животот се може да ти земат само знаењето не.

loading...