Микроскулптор од Турција ја изработи најмалата табла и фигури за шах во светот. „Таблата“ има размер 0,89 на 0,89 сантиметри.

Некати Коркмаз тврди дека неговата минијатурна творба е двапати помала од онаа којашто сега го држи Гинисовиот рекорд.

За да го создаде овој шах, му биле потребни шест месеци и шест часа на ден работа под микроскоп. Коркмаз е горд со своето дело, бидејќи, меѓу другото, тоа е и целосно функционално.

Турчинот досега дизајнирал над 40 микротворби, коишто се изложени во неговиот уметнички центар во Кушадаси.

loading...