Скопјанец пронашол неексплодирана бомба „кашикара“ во својот двор во населба Хиподром при изведување градежни работи.

Според информациите на МВР, вчера Р.Ј. пријавил дека во сопствениот двор во населба Хиподром при извршување градежни работи во шахта пронашол експлозивна направа.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека се работи за неактивирана рачна бомба М-75 (кашикара) .

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Бомбата е подигната од местото на настанот од Единицата за aнтитероризам при МВР за понатамошна постапка.

loading...