Ослободувањето од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и на данокот на добивка продолжуваат да важат и за јуни и јули.

Владата ја продолжи мерката за поддршка на компаниите кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот со ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и за месеците јуни и јули.

Исто така, на седницата што се одржа вчера се донесени измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба, со што се продолжи мерката за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка и за месеците јуни и јули.

loading...