Женска одмазда е многу сурова. И тоа во моментов го слушаме секој ден.

Мислам дека во последната снимка за Мицкоски има една клучна реченица од Слободанка Алексовска, негова блиска соработничка [до пред некој месец] кога му се уфрла на Мицкоски со – ,,кога беше најтешко”. Таа секогаш, во сите три снимки, му ги сумира долгите и досадни негови муабети во една реченица. Таа е негово алтер его.

И му става акцент на најважното за да му влезе во глава. Тоа тој не го перцепира, па продолжува со ,,парно и вода”.

Тоа е една карактерна особина на Мицкоски, да не слуша, само да зборува. Тој не сфаќа дека со ,,кога е најтешко”, таа мисли и на себе, бидејќи беше вработена во ,,Систина”. Му се нашла со свои конекции, токму кога бил изгубен. А, сега веќе ја нема ни во партија, ниту на слики од службени средби во САД на сајт на партијата, ниту е во ,,Систина” повеќе.

Мицкоски во суштина не е човек кој ги цени луѓето кои му се нашле кога му било најтешко. Затоа и Алексовска сега ,,удира” така јако.

Секако, прикаската има уште елементи, но да не ја ,,шириме Пандора” сега до толку.

 

#КаменотОдБлискуДоаѓа

 

Пишува: Јорданка Ивановска – Јоци

loading...