Бомбите кои денес ги пушти злосторничкото здружение против Заев е најгнасната пропаганда која може да постои во медиумскиот простор.

Имено, му објавуваат бомба на Заев од типот, “ќе им ебам мајката, ќе соберам се’, и шуто и рогато”. Да речеме дека секој човек – а бомбите кои денес му ги пукаат в глава се од 2016 година – во тоа време чувствуваше страв, бес, револт, омраза кон Груевски за сите неправди кои во тоа време се случуваа. Јас не познавам ниту еден човек што ги немаше истите стравови, истиот бес, истиот револт како што ги имаше Зоран во тоа време.

Тоа време, пак, беше време на револуција, време на лудила, време на немир, време на големи протести. Со еден збор, тоа време од 2016 година беше време на нестабилност и криза. Диктатурата се кршеше, а богами, се кршеа и нашите животи.

Денес е друго време. Денес владее мир, денес целата влада е усмерена на соживотот меѓу сите граѓани. Се покачуваат плати, се нудат проекти, влеговме во НАТО, од септември ќе преговараме со ЕУ. Земјата влегува во мирен и просперитетен период. Во оваа земја, конечно – има надеж.

Мицкоски, одвратниот штетник, вечниот сплеткар, оди по стапките на неговиот ментор Груевски, а Груевски ќе биде забележан во историјата како најголемиот багабонд на сите времиња, или што би рекол Мирослав Крлежа, “највјечи мештар свих хуља”.

Гнасното во овие бомби кои денес му ги пуштаат на Заев е на ист принцип како што работеше пропагандата на Груевски во тоа време.

Земате еден настан од Антика, или земате една јебена “бомба” од 2016 година, и – вбризгувате во денешнината. Така ги реконтекстуализирате настаните, главата на Заев се врти на ражен, а вие мислите дека така сте присобрале некој поен.

Тоа ви е исто како јас сега да речам: ако Крале Марко беше жив, или можеби Јосип Броз Тито беше жив, ќе го поддржуваа Мицкоски, најголемиот сплеткар после Груевски на сите времиња.

Не може, драги пријатели, да разберат една работа. Што повеќе се занимаваат со Зоран Заев, толку повеќе тој добива поддршка, што повеќе дерат по Заев, толку повеќе се зголемува неговата предизборна мобилизациска моќ.

Аматери, јеби га! И тешки лузери.

 

Пишува: Ненад Јовановиќ 

loading...