Се шеткам накај Дебар Маало за да видам дали има раја а и патем да видам дали носат маски и ракавици, ме интересира местото заради тоа што таму имаат екипи што се затвараа по кафани па после бегаа и потоа си вежбаат по теретани и имаа одблесок од раце намачкани со вазелин абе идила. Така шеткајќи си замислувам како беше пред ова корона тајм кога се беше во нагорна линија и кога немаше врз што да се плука од страна на научната елита на фејк ВеМЕРО , не се они фејк , тие се копија на оргиналот која им побегна за Будимпешта и сега се само обични и употребени презервативи , така ми личат затоа и само го размислувам тоа. Обично се за да линчуваат и да си го сакаат Ќосето он им бил идол ги колел предавниците а дали размислиле дека ги пљачкал и силувал?

Среќа немало многу психијатри тогаш туку имало патриоти така наречени патриоти кои не знаеле за што се борат туку пак гледале како да украдат по некој златник и да го предадат пак војводата пак ете една историска идила. Но ајде не е тоа тема за моменталната ситуација иако ние имаме клетва да историјата ни се повторува само во различни нијанси за жал. Темата за која долго време се трудам да ја разработам чисто онака мисловно е што би се случило ако ние би измислиле во МК направа наречена ГЛУПОМЕТАР?

Многумина до сега пишуваа за него , многумина се трудеа по својствен и само себе знен начин да ја објаснат, абе од најголеми новинари до актери , комедијанти , политичари имаат објаснувано за така наречената направа глупометар ама пак ќе ви кажам никој не ја објасни за што точно би служела бидејќи до сега си ја користеа наменски и само за свои потреби во смер на исмејување, цинизам , сатира , хумор и други многу и не така битни работи. Добро , пред да го насмерам јавното мнение на тоа што навистина е глупометарот ќе ви опишам неколку примери , баш како во правилно разработена студија која стана многу актуелна по време на владеењето на една тешко интелектуална екипа која стана нај богата екипа или партија во Европа која си направи мермери , персијанци , кристали , светилници , чаробни кули и дебели кафеави врати и фотељи.

Знам дека седнале и анализирале како да ја отпочнат кампањата а ја како неискусен познавач на политички кампањи секој пат мислам дека треба да го видам баш тоа што ми се допаѓа за да би гласал нели за некој и размислувајќи тие закључиле дека у мода се зомби спотови од Мајкл Џексон и вампири од Квентин Тарантино и бап ајде таков спот.

Навистина јас не го сватив спотот како реклама за космодиск како што беше вулгаризирана , не не напротив реков дека за да го измислат оваа имаат вистинска позадина дека на нив им тежат главите од што се паметни и оп од еднашка доаѓа нивниот собирач на мозгови големиот мозокозбир Жмицко како у филмот со Бетмен и тој зелениот Прашалникот, тој собираше мозоци и беше толку умен што се правеше со мозокот и оп ги исправа и сите тие се уште по олеснети и празни. Леле ми тргна еј , ама идам кон поентата , после тој големиот умособирач им дели памет на неговите полтрони , не ги именувам да не им ја навредам нивната високоценета великоумна мозочна елита тие си се знаат и стално се цитирани , и викаат дека народот мора да слушне дека водата не е топла дур не се згрее, дека ненормалното е ненормално дур не го нормализираш или беше некако подруго ама контекстот е ист.

Е сега вака шу праиме со сите тие испразнети мозоци кои ќе му го дадат мозокот –гласот на големиот мозокособирател ? Ќе останат пак со испразнети умови или? Имаме сега заплет . Утврдуваме дека тие сите мозоци се исти , квалитетно уназадени нели? Значи нобелова награда за ГЛУПОМЕТАР оди кај тој што со вазелин на рацете ги собира тешките мозоци упс наведнатите мозоци или овци тие се и онака ништо за него. Он стално вели , Да манеме по некоја рачија да скршнеме и макнеме лепче од сол и оро че ни изиграт со маски , господине нобеловец ве молам да им кажете на вашите наведнати мозоци да носат маски и да држат дистанца а не да викаат дека им сметало 5 Г-то и дека Корона нема , па после ќе излегуваат на пресови ќе велат дека имало многу болни и дека се разболеле од Бил Гејтс и Венко и комисијата кои сакале да ги чипуваат за да знаат каде ќе го истураат зељето у која шахта или ливада. Јас од како го изгледав овој убаво опишан филм сега да заклучам дека на вашите филмови или како и да ги викате спотови а уствари и ви се реалност ,гледам каде освен ветар и магла нема што да понудите и твоите брејнстормирачи не знаат за патишта , не знаат ни кај се наоѓаат а некој се чудат и на сопствениот подрумот и ништо не знаат кога ќе ги прашаат за некоја веќе случена случка, бурлески .

И сега да , како за енд на филмот и доделената награда за глупометарот , господине мозокозбиру кажи му на тој Министерот за ред што ти е дека и он треба маска да носи да не му го собереш мозокот и на него па да си го расипеш измисленото апаратче и да си ја изгубите наградата. Леле уф се разбудив од лошиов сон , добро е што ова не смее да е вистина.

 

Пишува: Конобарот од Боемска

loading...