Почитувани мои сограѓани, жители на Општина Дојран, сопственици на виќенд куќи, мои пријатели…

За сите нас водата е извор на живот. Нешто без кое нашето секојдневие е незамисливо.

Животните предизвици катадневно не ставаат пред проблеми кои исправено и тековно ги решаваме.

Деновиве сме сведоци на ДЕЦЕНИСКИОТ проблем со водоснабдувањето, но со натчовечки напори последново деноноќие со помош од искрени пријатели и добронамерници – проблемот е РЕШЕН. Успеавме за многу кратко време,за не цели 24 часа, да мобилизираме претпријатија, пријатели и граѓани кои направија натчовечки напори да се реши овој повеќедецениски проблем.

Она што посебно би сакал да го потенцирам за ова време – невреме е несебичноста, емпатичноста и хуманоста од одредени институции и граѓани. Сакам да ја искажам мојата искрена благодарност до сите кои беа дел од решавањето на овој проблем, до вработените во ЈПКД ,,Комуналец”- Полин Стар Дојран, Профи-Компани, ,,Лемекс”, ,,Дојран Стил”, ,,Шимов транспорт”, ,,АБА Пеливанов”, како и до сите мои сограѓани кои дадоа свој несебичен придонес во решавањето на проблемот.

Како Градоначалник, како прв меѓу еднаквите, искрено жалам за настанатата ситуација и упатувам благодарност за трпението и разбирањето на сите жители, сопственици на викенд куќи и туристи кои беа затекнати од овој проблем.

Почитувани, санирањето на водоснабдувањето е реализирано БЕЗ НИТУ ЕДЕН ДЕНАР ОД ОПШТИНСКИ БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА, се со помош од компании и поединци кои се вистински пријатели на Дојран. За целокупната помош и поддршка која што е дадена искрено и од срце мојата малечкост ви се поклонува!!!, напиша предмалку на ФБ градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов.

loading...