Општина Кисела Вода информира дека една од нејзините партнерски невладини организации, социјалното претпријатие „Нега плус“ со поддршка од USAID North Macedonia во рамки на проектот Civic Engagement Project-North Macedonia, нуди бесплатна помош на стари и изнемоштени лица.

Сите заинтересирани лица на кои им е потребна помош при подготовка на храна, пазарање, одржување на хигиена во нивните домови, при пресоблекување и бањање, можат да ја побараат со јавување на тимот на „Нега плус“, на телефонскиот број 070 299 026.

loading...